Четирите „Сухои 25“ од скопскиот аеродром пратени во Украина

Date:

На оваа сателитска снимка е воениот дел од аеродромот во Скопје.

На неа е видливо отсуството на четирите „Сухои 25“ кои со години седеа паркирани покрај пистата.

Причината за тоа е едноставна – пратени се во Украина како дел од воената помош за справување со руската агресија.

Информацијата, за која месеци се шпекулираше, и официјално ја потврди министерството за одбрана кое од вчера делумно ги декласифицираше одлуките за донација на воена помош и опрема за Украина.

Тоа значи дека за јавноста стануваат достапни информациите за видот на асистенција која, преку шест одлуки, е пратена за Украина.

Донациите може да се поделат во неколку категории – пешадиско вооружување и муниција, артилерска опрема, тенкови, авиони од типот Сухои-25, средства и опрема за водење противоклопна борба, опрема за противвоздушна одбрана, опрема и муниција на военото воздухопловство и интендантски материјални средства.

За колкава количина од оваа опрема станува збор не се прецизира, бидејќи тој дел од информацијата останува класифициран. Она што е јасно е дека оваа опрема е од источно производство и дека не била дел од формацијата на Армијата.

Од порано беше познато дека Македонија поседува четири „Сухои-25“ набавени за време на конфликтот во 2001-та. Тие со години не летаа и неупотребувани, со години, седеа крај пистата. Армијата одамна се откажа од потребата за вакви летала кои не се предвидени во нејзиниот натамошен развој и беше само прашање на време каде тие ќе завршат.

Министерството за одбрана пред неколку месеци призна дека за Украина се пратени и триесетината тенкови Т-72, од советско производство. Потврдата дека оваа воена опрема ќе заврши на фронтот следеше откако снимки од транспортот на тенковите се појавија во јавноста. Пред извесен период Генералштабот соопшти дека не предвидува ниту натамошно осовременување на борбените хеликоптери МИ-24 од руско производство или нивна замена со нови.

Надлежните уверуваат дека сета воена опрема и техника која и е дадена на Украина на никаков начин не влијае на ефикасноста и подготвеноста на армиските единици на Македонија. Армијата е во фаза на модернизација со нова опрема, при што најголем партнер се САД кои, за една година, дале поддршка од вкупно 137 милиони долари.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...