„Чест за хероите, завет за иднината” – свеченост во Мала Преспа на која присуствуваше премиерот Мицкоски

Date:

„На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, напиша Мицкоски на Фејсбук по посетата на селото Туминец, Мала Преспа

Со развиорени македонски знамиња, зурли и тапани, традиционална македонска храна, леб и сол, премиерот Христијан Мицкоски денеска беше пречекан од Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа, денешна Албанија. Таму тој отвори споменик во чест на македонските херои од овој крај.

За посетата Мицкоски информираше во објава на својот Фејсбук профил каде напиша дека денес повеќе од сè е потребно обединување околу нациналните интереси и иднината. 

„Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“,напиша Мицкоски.

Мицкоски вели дека Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво.

„Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка“,вели Мицкоски.

Инаку, Македонците од Мала Преспа денеска во селото Туминец под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” организираа свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај. Селото се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, на северниот брег на заливот Завир.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...