Чернева за БТВ: Имињата на бугарските клубови ја провоцираат Македонија

Date:

Тензиите во односите на Бугарија е Македонија се во интерес на руските цели, оценува Весела Чернева која беше советничка за надворешна политика на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков.
Во интервју за БТВ таа вели дека ваквите тензии во билатералните односи не само што го прават невозможно внесувањето на Бугарите во уставот, туку се во интерес на руските цели.

– ЕУ ќе ги регулира односите меѓу Бугарија и Македонија кога ќе започнат преговорите за членство. Македонија уште не почнала да преговара бидејќи има услов Бугарите да бидат внесени во уставот. Оваа промена уште не се случила, а за то треба да има 2/3 од гласовите во македонскиот Парламент, објаснува Чернева.

Според неа, имињата на бугарските клубови во РМ се избрана така за да ја провоцираат другата страна.

– Кога отворате еден клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа за да ја навредува другата страна, изјави Чернева.

Според неа, на пример името Цар Борис Трети ги потсетува Македонците на Втората светска војна кога таму имало окупациски војски од Бугарија.

– На историски план секој е на нешто чувствителен. Тука прашањето е што прави дипломатијата бидејќи тоа е нејзина задача да создава мостови и да решава проблеми пред да станат реални, додава Чернева за БТВ.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...