Еден од најубавите парови во Холивуд, Ченинг Тејтум и Зои Кравиц наскоро ќе го изговорат судбоносното „да“. Како што потврдија извори за „Пипл“, актерите неодамна се вериле.

За време на изминатиот викенд, ѕвездите беа присутни на тематска забава за Ноќта на вештерките. Кравиц, која се појави како бебето од култниот хорор филм „Бебето на Розмари“ („Rosemary’s Baby“) од 1968 година, го покажа големиот дијамантски прстен.

Актерката првпат проговори за врската со Тејтум во разговор за „Џеј-кју“ во 2022 година, каде изјави дека тој е „прекрасен човек“.

„Тој многу ме смее. И двајцата сакаме уметност и зборуваме за уметност. На пр. сакаме да гледаме филмови и да дискутираме за тоа среде филм“, изјави таа.

Двете ѕвезди се запознаа за време на кастингот на претстојното режисерско деби на Кравиц, „Pussy Island“.

„Toj навистина беше мојот заштитник (на снимањето) и беше навистина прекрасно и слатко“, сподели Кравиц.

Таа додаде: „Мислам дека ако можете да направите нешто такво заедно, тоа е добар тест. И излеговме уште посилни“.

Нивната врска ја потврди извор за „Пипл“ во 2021 година.

„Нивните кариери се голем фокус и тие ја делат оваа страст. Кога не работат, тие се многу смирени. Уживаат во мирни вечери со пријателите, но најчесто се дружат дома“, изјави изворот.

„Ченинг е сериозен во врска со Зои. Тоа не е ‘лабава’ врска. Тие се ексклузивни долго време“, додаде изворот.