Челзи ја надигра Барса, Сити загуби од Леверкузен, победи на Наполи и Јувентус

Date:

Интересни дуели донесе денешната програма од 5.коло во фудбалската Лига на шампони. Вечерашните дерби дуели се играа во Англија, во Лондон и Манчестер, а домашните екипи имаа половичен ефект.

На „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, екипата на Челзи ја пречека Барселона на која и го нанесе вториот пораз, совладувајќи ја со 3-0.

Шпанскиот тим, поточно, Феран Торес во 6.минута од идеална позиција пропушти можност да донесе водство на Барса. Затоа големата радост за домаќините дојде во 27.минута. По центаршутот на Кукуреља, Торес и Кунде со несмасно интервенираа, а Французинот си постигна автогол и ја затресе мрежата на Барселона.

Проблемите на гостите дополнително се зголемија од последната минута на првиот дел кога Араухо го заработи вториот жолт картон, па Барса остана со играч помалку. Таквата предност екипата на Челзи знаеше како да ја искористи во вториот дел. 18-годинпниот Бразилец, Естевао во 55.минута го постигна вториот гол за сините од Лондон. Во 74.минута во листата на стрелци се запиша и Делаф за 3-0 за Челзи.

Во Манчестер каде Сити го пречека Баер Леверкузен победа славеа гостите од Германија со 0-2.

Популарните „фармацевти“ од Леверкузен поведоа во 23.минута со голот на Шпанецот, Грималдо. Во вториот дел, односно 54.минута, Шик зголеми на 0-2. Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот.

За разлика од англиските, двете италијански екипи, Наполи и Јувентус славеа беди.

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ги одигра последните 25,минути за неговиот Наполи во дуелот со Карабах. Италијанскиот шампион го доби мечот со 2-0.

Норвешкиот тим Бодо/Глим иако по првиот дел водеше против Јувентус сепак италијанскиот тим во вториот дел го сврте резултатот и славеше со 2-3.

И тимот на Олимпик Марсеј како и Јуве, со пресврт во вториот дел го совлада Њукасл со 2-1.

Убедлив триумф оствари и Борусија која во Дортмунд ја потопи „жолтата подморница“ на Виљареал со 3-0.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...