Германскиот клуб Баер Леверкузен следната сезона ќе има нов тренер, откако Чаби Алонсо денеска потврди дека постигнал взаемен договор со раководството за крај на соработката.
„Фармацевтите“ не успеаја да ја одбранат титулата во Бундеслигата, но шпанскиот стручњак ќе биде запаметен по одличните резултати кои ги постигна со Баер, кој се врати на врвот на германската фудбалска сцена, а стигна и до финалето на Лига Европа.
– Оваа недела јас и клубот се договоривме дека овие два следни натпревари ќе бидат мои последни како тренер на Баер.
– Не е момент за да зборуваме за мојата иднина, бидејќи сакаме да имаме соодветно збогување во недела, а сега е добро време само да информирам за конечната одлука, – рекол шпанскиот тренер на денешната прес-конференција.
Најавите од Шпанија се дека Чаби Алонсо ќе го преземе Реал Мадрид, клубот во кој настапуваше меѓу 2009 и 2014 година.