ЦУК спаси Романец во Гевгелија со примен повик на 112 од Грција

Date:

Во соработка со грчкиот единствен број за итни случаи 112, бил спасен Романец кој имал проблеми со срцето, а синоќа престојувал во Гевгелија, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК објаснуваат дека неговиот повик за помош, најверојатно заради близина на границата, прво бил примен од број 112 на базна станица во Грција. Но, бидејќи сите држави коишто го имаат европскиот единствен број за итни случаи 112 соработуваат и се во контакт меѓу себе, дежурниот тим од грчката служба 112 веднаш контактирале со македонската служба 112 во ЦУК.

„Веднаш, согласно оперативните процедури, е координирана акцијата за интервенција на Итната медицинска помош од Гевгелија и романскиот граѓанин е спасен со итно давање медицинска помош. Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка на двете држави, за спасување на граѓанин од трета држава ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја ако тие се наоѓаат во земја којашто е во системот на европскиот единствен број за итни случаи 112“, велат од ЦУК.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...