Црквата ги нарече „чудовиште“ предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Date:

Претставници на Македонската Православна Црква денеска на прес-конференција повикаа на протест против предлог законот за родова еднаквост и измените во законот за матична евиденција, кој треба да се одржи во четврток (29 јуни) од 18 часот пред Соборна црква.

Отецот Јаков Стобински тврди дека собирот не е насочен против никого, туку против содржината на законите, што уште не се донесени.

„Ние објаснивме дека експлицитно изразуваме протест против новиот контекст на поимот род, односно дека се злоупотребува на уште поексплицитен начин во предлог-законот за матична евиденција“, рече тој.

За предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција, Стобиски вели дека „ни носат еден конструкт чудовишен и можност за отворање на Пандорината кутија“.

Како Црква се оградуваат од „било каква злоупотреба во некакви свои цели“.

„Не поддржуваме говор на омраза, ниту скандирања и повикуваме на мирни протести. Нашето присуство ќе значи дека не се согласуваме со вакви предлог-решенија“, рече Стобиски пред новинарите.

Без одговор останаа прашањата до каде се активностите за изградбата на зградите карши „Холидеј ии“, а чиј сопственик на парцелите е и Македонската православна црква (МПЦ). Стобиски смета дека со вакви прашања се прави дефокус на небитни теми.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...