Црвениот крст собра речиси 900 илјади евра, за секој ќе има по 2,5 илјади евра

Date:

Парична помош од 150 илјади денари ќе добијат семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека, собраните пари преку сметката на Црвениот крст и отворените телефонски линии ќе бидат исплатени веднаш штом се соберат податоците и согласностите од семејствата.

Останатиот дел од парите кои ќе бидат собрани во Црвениот крст, Саити најави дека ќе бидат распоредени по друга методологија, имајќи ги предвид, како што рече потребите на семејствата на лицата кои се лекуваат во и надвор од државава.

„Викендов успеавме да собереме податоци за починатите и се договоривме за лицата кои се лекуваат во странство, податоците да ги соберат заедничките служби на Владата, Дел од податоците ги добивме, остатокот останува да го добиеме. Останува да ги собериме и податоците на лицата кои се лекуваат во државата.“ – Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст.

Покрај донациите кои се собираат преку Црвениот крст деновиове започнаа и граѓански иницијативи кои собираат средства за настраданите во пожарот преку креирање на веб страни и фондови за донации.

Според нашите информации дел од семјествата чии повредини има во болниците во земјава и надвор, се со блокирани сметки па хуманите луѓе имаат потешкотии да им префрлат пари за помош.

Инаку, на денот на несреќата на социјалните мрежи кружеја и објави дека се шират лажни линкови за донации за настраданите во несреќата.

Преку отворените телефонски линии досега граѓаните донирале 12 милиони денари. Останатите пари се собрани преку донации на жиро сметката на Црвениот крст од граѓани, компании, локални самоуправи и државни институции.

Дел од компаниите со кои што комунициравме сметаат дека потребно е Владата во овој случај да се откаже од персоналниот данок кој изнесува 10% и се уплаќа на секоја донација, односно во случај кога компанија уплаќа на физичко лице. На тој начин повеќе средства би добиле оние на кои во моментов им е најпотребно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...