Хју Џекмен пишува мемоари кои се најавени како „бомба“

Date:

54-годишниот австралиски актер Хју Џекмен, кој продолжува да молчи за причините за разводот со сопругата Дебора-Ли Фурнес по 27 години брак, одлучи да напише книга со мемоари, пишува US Weekly.

Според упатените, тој е „во рана фаза на пишување мемоари кои ќе бидат бомба“. Извори блиски до актерот тврдат дека Џекмен отворено ќе зборува за својот живот и ќе споделува „експлозивни“ откритија.

“Хју одлучи да ја напише оваа книга сега затоа што конечно е искрен со себе. Содржината ќе се состои во тоа што Хју отворено ќе зборува за својот живот. Тој ќе биде отворен за својот живот како никогаш досега”, тврди изворот за Ју-ес Викли. Други детали за книгата се уште не се објавени.

Идните мемоари имаат големи шанси да станат вистински бестселер, бидејќи приказната за успехот на Хју и неговиот личен живот се пример за многумина.

Во мемоарите, меѓу другото, глумецот ќе отрие конечно што влијаело на распадот на еден од најсилните бракови во Холивуд.

Веста дека двојката се разведува беше големо изненадување за многу нивни обожаватели, бидејќи ништо не навестуваше проблеми. Ниту Хју ниту Дебора-Ли не разговараа отворено за нивната одлука, а се ограничија на официјална изјава за медиумите.

„Нашето семејство е и секогаш ќе биде наш главен приоритет. Влегуваме во ова следно поглавје со благодарност, љубов и добрина. Многу го цениме вашето разбирање и почитување на нашата приватност додека нашето семејство се движи низ оваа транзиција“, напиша славниот пар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Очајна недела за Салах: Англичаните го ставија на столбот на срамот!

Сѐ одеше како подмачкано до минатата недела за Египќанецот.Фудбалерот...

Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата 

Во траорна и максимално непосакувана атмосфера, македонската фудбалска репрезентација...

Австралија дозна голема вест: Првиот пик од НБА драфтот сака да игра во Лос Анџелес на Олимпијадата

Иако Олимписките игри во Париз се практично завршени, а...

Немири во Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на кабаре „Пулс“

Инциденти на протестите во Кочани за трагично загинатите во...