Студиото Warner Bros. објави нов трејлер за филмот Wonka кој за 24 часа беше прегледан повеќе од 5,6 милиони пати.

Wonka е приквел на популарниот роман на Роалд Дал, „Чарли и фабриката за чоколадо“, а улогата на славниот чоколадар во филмот ја толкуваше Тимоти Шаламе.

Во новиот трејлер, можеме да видиме како Вили Вонка се соочува со своите ривали, други сопственици на фабрика за слатки. Трејлерот ја прикажува и првата средба со Умпа Лумпа, кого го игра Хју Грант, и ги воодушеви фановите.

Претстојната музичка комедија е во режија на Пол Кинг, креаторот на хит филмовите Paddington и Paddington 2, според сценариото што тој го напиша заедно со Сајмон Фарнаби. Покрај Шаламе и Грант, во филмот ќе учествуваат и некои од најголемите холивудски ѕвезди како Оливија Колман, Роуан Аткинсон, Сали Хокинс, Том Дејвис, Џим Картер и Киган-Мајкл Ки.

За време на интервјуто за Vogue претходно оваа година, Шаламе откри дека ја прифатил улогата на Вонка затоа што „сакал да работи на нешто што ќе има млада публика која не е цинична, нешто што е весело“.

„Тоа е причината поради која ме привлече овој филм. Во време на интензивна политичка реторика, кога секој ден слушаме лоши вести, се надевам дека овој филм ќе биде како коцка чоколадо“, рече Шаламе.

Но, не се сите задоволни од изборот на главниот актер, а некои обожаватели сметаат дека новиот трејлер докажува дека Шаламе не требало да го глуми Вили Вонка.

„Секој друг актер во филмот го надмина, не требаше да им дадат толку многу улоги на толку добри актери. Шаламе е премногу мирен, додека Вонка е лукав и досетлив. Тој има многу силна карактеристиичност, а јас едноставно не го гледам тоа во овој трејлер. Не сум изненаден што избрав да се фокусирам на ликот на Хју Грант во трејлерот“, напиша еден фан на Reddit.

„Тимоти изгледа како да не му е местото овде, не одговара на сонливата атмосфера на трејлерот. Не секој актер може да ја игра секоја улога во Холивуд“, „Шаламе изгледа како да прави скеч за хумористично шоу. Плус глуми покрај Оливија Колман од сите луѓе“, „Забележавте ли дека овој трејлер има помалку дијалози со Тимоти“, „Ова е филм за Хју Грант“, коментираат други корисници.

Премиерата на филмот Wonka е закажана за 15 декември оваа година.