Бродот на хуманитарната организација „Лекари без граници“ денеска спаси речиси 600 мигранти кои пловеа на преполн брод во близина на островот Сицилија.
„По тричасовна спасувачка операција, 599 преживеани, вклучително жени и деца, сега се безбедно сместени на бродот и за нив се грижи медицински тим“, соопштија од организацијата.
Пријавено е дека нивниот брод „Гео Баренц“ вршел тренинг активности кога бил повикан да преземе активности за спасување на мигрантите.