ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
Досегашните истражувања влијаеле да се промени и дополни утврдената хронологија на појавата и развојот на писмото, која по негов предлог, со извесна модификација, гласи:
Хронолошка систематизација на историјата на писмото
1. Протописмо или графити на Лепенски Вир (8.000-6.000 година п.н.е.)
2. Македонско-костурско линеарно писмо (5.260 годи-на п.н.е.)
Македонско-ресенско слоговно (фонетско) писмо (5.000 год. п.н.е.)
3. Винчанско писмо-„винчаница” (5.300-3.200 година п.н.е.)
4. Сумерско во Месопотамија (3.100 година п.н.е. до 75 година н.е.)
5. Протоеламско (околу 3.200 година п.н.е.)
6. Протоиндиско (околу 2.200 година п.н.е.)
7. Протокинеско линеарно на кралот Фу Шиа (околу 3.000 година п.н.е.)
8. Кинеско идеограмско (1.300година п.н.е. и трае до денес)
9. Египетско (3000 година п.н.е.- 400 година н.е.)
10. Критско линеарно писмо А (1.700-1.450 година п.н.е.)
11. Критско-микенско линеарно писмо Б (1450- 1.200 година п.н.е.)
12. Хетитско (1.600-770 година п.н.е.)
13. Феникиско слоговно (1.200 година п.н.е.)
14. Феникиско-јонско абецедно (900 година п.н.е.)
15. Етрурско (Рашанско) (900 година п.н.е.)
16. Латинско (600 година п.н.е.)
Од изнесените научни истражувања се гледа дека протописмото на Балканот, посебно во Македонија, во вид на линеарно писмо, не дошло од Месопотамија. Тоа е автохтоно, со централнобалканско потекло, најдено по истовремена хронолошка старост во Западна Македонија, на Костурското Езеро и во Србија на керамичните артфакти на виничанската култура. Македонско-костурското (Дупјак) писмо, во најново време е дешифрирано и транскрибувано од страна на Иљов (Макед. Рев., 583, 2.000, 58). Според него, преводот на современ македонски јазик би гласел „Дупјак VII колиште”, што се однесува на седумте соеници. Истиот автор изнесува и епитаф на ученичка од с. Долно Дупени, Преспа, меѓу 5.000-4.500 го-дина п.н.е. со алфабетско слоговно писмо.
Индоевропскиот јазик е еден од првобитните, архетипски јазици на одредена популација индоевропски народи. Се претпоставува дека прото-индоевропскиот јазик како опш начина на комуникација допира до 3.000-5,000 година п.н.е. Типолошки тој припаѓа на двосложните или синтетички јазици и со него зборувале околу милион луѓе во светот. Одвојувајќи се од своето главно еднојазично семејство, тој многу рано се развил во две главни дијалектни групи, во западен-центум и источенсатем, према употребата на бројот сто. Палеоглосологијата на Балканот ѝ припаѓа на западната група на индоевеопски јазици.
Најновите научни истражувања на италјанските автори, од доменот на историјата и географијата на човечките гени, утврдиле прецизно коинциденција меѓу човечките миграции, антропологијата и лингвистиката (Савалли-Сфорза, 1.991, 72-78).Поаѓајќи од претпоставките на Дарвин „За постанокот на видовите”, генеологијата на човештвото и распоредот на генеологијата на човечките раси, тие ја потврдиле неговата теорија која ги поврзува генеолошката и лингвистичката еволуција.
Нивните триесетгодишни истражувања опфаќале разни популации, кај кои се вршени анализи на лимфоцитите, ДНК (дезоксинуклеинската киселина), лингвистички, етно-лошки и антрополошки испитувања. Резулатите се прикажани на 716 страници текст, обогатени со математички формули, графикони, карти, хистограми итн. По опширна дискусија дошле до заклучок дека сите јазици во светот потекнуваат од единствен предок и единствен говор, што значи дека постои моногенеза на јазиците.
Овој единствен јазик се зборувал околу 100. 000 години п.н.е. Постои ген кој учествува во настанокот на јазиците и гените веројатно многу се вмешани во способноста за владеење со јазикот. Меѓутоа, главните јазични фамилии не се постари од 50. 000 години, а најголем дел се создадени пред 5.000-25. 000 години. Се претпоставува дека денес во светот се зборуваат околу 2.000-4.000 различни јазици од кои најпознати се 100. Тие се оние јазици кои имаат општо историско, политичко и економскосоцијално влијание. Овие многубројни јазици со примена на историско-компаративни методи во глосолошката анализа, можат да се класифицираат и распределат во 17 сродни групи или семејства.
Најзначајни јазични групи се: индоевропска, урало-алтејска, јапонско-корејска, сино-тибетска, семито-хамитски итн. На крајот авторите изнесуваат дека Хомо сапиенс, па и човечката раса, потекнуваат од Африка. Со време, поради демографска експлозија и поради некои климатски промени, пралуѓето, кои имале посебни анатомски карактеристики, долги нозе и тесни карлици, ја напуштиле Африка, се упатиле на север и преку Египет се населиле прво на Блискиот и Среден Исток, а потоа во Мала Азија и Европа, Америка и Австралија.
Заради ледениот период, Европа останала долго ненаселена. Со повлекувањето на ледениот покривач, на некои места се создадени услови за животот. Пред 30.000 години, исто така во Европа стасале народи од Кавказ, кои долго време останале изолирани. Тоа биле палеолитски ловци разбиени во групи, кои зборувале на кавкаски јазик, сличен на оној на кој зборуваат Баските на Пиринеите.
Подоцна, околу 11 и 10 милениум п.н.е., од Кавказ и Блискиот Исток тргнале овчарите и земјоделците, се доселиле најпрво на Ѓердап („Ветената земја”) и преку Средно Подунавје, Поморавје, Повардарие го населиле Балканот, додека другите тоа го сториле и по друг пат, преку Мала Азија. Тие со себе го донеле индо-европскиот јазик, ден денес втиснат во ономастиката на Балканот.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН