Хотели, кампови, септички јами, шанкови и канализации го загадуваат Охридското Езеро

Date:

Анализата на ИЈЗ покажува дека Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро имаат проблем со колекторските системи и во нив се слеваат отпадни води. Но, оценката е дека водата сепак не е опасна за капачите.

Хотели, туристички населби, приватни куќи со септички јами, шанкови поставени на брегот, испусни цевки за собирање на атмосферски води и автокампови го загадуваат Охридското Езеро. Колекторскиот систем кој не го покрива целото крајбрежје, објекти кои цевките со отпадна вода директно ги насочуваат кон езерото, како и мешањето на атмосферската и фекалната канализација се „тивки“ уништувачи на и онака загрозениот еко-систем. Слабостите од заштитата на најголемиот туристички центар во земјата – Охрид, како и за состојбата со езерските води во Преспа и Дојран се нотираат во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, кој редовно се објавува во пресрет на туристичката сезона. Иако податоците и испитувањата на водата од трите природни езера укажуваат дека таа е со задоволителен квалитет за капење, а на најголем дел од плажите е оценета како одлична, сепак одредени забелешки од извештајот укажуваат од потребата за итно преземање на мерки за заштита на езерата.

Екипа од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид вршела проверки на целото крајбрежје на Охридското Езеро од Св. Наум до с. Радожда со цел да се откријат потенцијалните загадувачи на езерската вода и да се преземат мерки за нивно навремено санирање.

За заштита на Охридското Езеро е изграден колекторски систем кој ги собира отпадните води од градовите Охрид и Струга, кои потоа се пречистуваат во пречистителната станица во с. Враништа. Но, постојат објекти кои со години не се приклучени на колекторскиот систем и претставуваат потенцијални загадувачи. Во извештајот се посочува дека станува збор за хотелско – угостителските објекти, како и туристичките населби кои се сместени по должината на Охридското крајбрежје од хотел Десарет до Св. Наум, како и хотелско – угостителските објекти и туристичките населби од Струга до с. Радожда. На овој потег единствено приклучен на колекторскиот систем е хотелот „Макпетрол” преку колекторскиот систем од с. Радолишта, Хотел Бисер и с. Калишта. Проблем се и приватни куќи сместени на брегот од Охридското Езеро од плажата Сараиште до црквата Св. Софија до населбата Канео, кои исто така не се приклучени на колекторот.

За делот што треба да се докомплетира со прочистителни станици, веќе се готови и проектите и одобренијата за градба и ќе следи нивна изведба во наредниот период согласно буџетските средства.

Од Охрид СОС за ДВ велат дека извештаите на Центарот за јавно здравје поврзани со квалитетот на водата алармираат со години наназад за состојбите. „Често бараме на одредени локации да се направат и вонредни испитувања, доколку се пријават хаварии на системот, загадување од различен карактер и слично. Објавуваме на социјалните мрежи или повремено и преку соопштенија до медиумите“, вели Владимир Трајановски од Охрид СОС.

Дополнително, резултатите од испитувањата се пренесуваат во годишните извештаи до УНЕСКО, до Државниот инспекторат за животна средина, на седници на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, и последно – во барањата кои ѝ беа доставени на министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО во декември 2022 година, а кои требаше да бидат насока за мерките кои Владата требаше да ги преземе.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...