Свадбата од соништата на еден пар се претворила во хаос кога гостите почнале да се расправаат, а потоа настанала тепачка пред местото на венчавката.
Полицијата била повикана во центарот Гранд Парадизо во Ферфилд, на западниот дел на Сиднеј, во четвртокот во 23. часот, откако добила извештаи за голема тепачка.
Гостите се забавувале на свадбата и ја прославувале венчавката пред група мажи да излезат на улица.
Се верува дека двајца потоа почнале да се расправаат, а на видеото кое се појавило на социјалните мрежи се гледа како се туркаат.
Додека нивните другари се обидуваат да ја смират тензијата, еден од мажите бил забележан како трча и, наводно, го задава првиот удар – предизвикувајќи сеопшта тепачка во која учествувале повеќе од десет гости.
[/et_pb_text][et_pb_image _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” title_text=”АУСТРАЛИЈА2″ src=”https://mactel.com.au/wp-content/uploads/2023/01/2-3-2.jpg” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″][/et_pb_image][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]