Холивудски актер е префрлен во најстрог затвор, откако доби 30 годишна казна за силување

Date:

Актерот Дени Мастерсон, познат како Стивен Хајд во серијата „Среќни седумдесетти“, е префрлен во Коркоран, затвор со максимална безбедност, каде ќе ја отслужува казната.

Во овој затвор тој ќе ја издржува казната што му беше изречена минатата година за две силувања од 2003. Тамошниот портпарол за „Пејџ шест“ потврди дека актерот е таму од понеделникот.

Мастерсон првично бил сместен во Men’s Central, во Лос Анџелес, а на 31 декември 2023 година, неговиот процес на прием започнал во Норт Керн Медиум Секјурити.

Инаку, неговата сопруга Бижу Филипс поднесе барање за развод на помалку од две недели откако беше осуден на 30 години во септември минатата година.

Затворот Коркоран, е основан во 1988 година и е познат по тоа што таму биле затворени некои од најозлогласените американски криминалци.

Тука бил затворен Чарлс Менсон до неговата смрт, во 1989 година, како и Сирхан Сирхан (Сирхан Бишара Сирхан), кој во 1968 година го уби тогашниот американски сенатор Роберт Ф. Кенеди..

Дени завршил во Коркоран една недела откако судијката Шарлин Олмедо му ја одби кауцијата, објаснувајќи дека „сега, кога нема жена кај која да оди дома, има поттик да бега и малку причини да се врати и да ја одлежи својата долгогодишна казната, доколку жалбата не помине“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...