Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Date:

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви Вајнстин, поранешниот моќен холивудски продуцент, кој повторно се соочува со обвиненија за сексуални напади во еден од најпознатите случаи на #MeToo движењето.

Обвинителката Шенон Луси пред поротата претстави три клучни обвиненија, меѓу кои и она од поранешната полска манекенка Каја Сокола. Иако нејзиниот случај не беше дел од првото судење во 2020 година, сега е ставен во фокусот на вниманието. Сокола тврди дека во 2006 година Вајнстин ја намамил во хотелска соба во Њујорк со ветување за филмски улоги, а потоа ја присилил на орален секс. Таа изјавила и дека претходно, во 2002 година, кога имала само 16 години, ја злоставувал во својот стан.

За инцидентот од 2006 година е подигнато обвинение, додека претходниот случај не е формално вклучен. Сокола претходно поднела граѓанска тужба и добила спогодба во висина од 3,5 милиони долари.

Ова е првпат обвинителството да ги изнесе тврдењата на Сокола пред поротата, откако Врховниот суд на државата Њујорк минатата година ја поништи пресудата против Вајнстин од 2020 поради процесни грешки.

Останатите обвиненија се однесуваат на две жени кои беа дел од првичното судење – Миријам Хејли и Џесика Мен. Хејли тврди дека Вајнстин ја присилил на орален секс во 2006 година додека работела како асистентка во филмска продукција, а Мен дека ја силувал во 2013 година во хотелска соба.

Обвинителката Луси потенцираше дека Вајнстин го користел своето влијание во филмската индустрија како средство за манипулација.

„Обвинетиот им понудил соништа на жените, а за возврат ги барал нивните тела. Колку повеќе се спротивставувале, толку бил поагресивен“, им рече на поротниците.

Вајнстин, денес 73-годишник, во судницата седеше во инвалидска количка, комуницираше со своите адвокати и водеше белешки, но не ја гледаше поротата. Тој ги негира сите обвиненија и се изјасни како невин. Неговиот правен тим сè уште не ја изнел својата верзија на настаните.

Во судницата беше присутен и окружниот јавен обвинител на Њујорк, Алвин Брег, кој го презеде случајот од својот претходник по укинувањето на првичната пресуда. Новото судење се одвива во значително изменет општествен контекст, додека движењето #MeToo во 2017 година предизвика глобална револуција, денес неговото влијание е посмирено, но сè уште силно присутно, пренесува „Пејџ сикс“.

Новата порота се состои од седум жени и пет мажи, а судењето го води друг судија. За разлика од првото судење кога пред судот се слушаа повици „силувачу“, овојпат немаше протести.

Случајот сега го води Посебниот оддел за жртви на обвинителството, а тимот на Вајнстин е засилен со искусни адвокати како Џенифер Бонџин, позната по укинувањето на пресудата на Бил Косби и одбраната на Р. Кели.

„Ова судење нема да биде целосно за #MeToo. Ќе се однесува на фактите“, изјави главниот адвокат на Вајнстин, Артур Ајдала, и додаде: „И тоа е клучно. Така и треба да биде“.

Сепак, движењето веќе беше споменато при изборот на поротници. Многумина потврдија дека слушнале за #MeToo, но дека тоа нема да влијае врз нив. Тие што рекле дека би можеле да бидат пристрасни, беа исклучени од процесот.

Продолжението на судењето се очекува во наредните недели, а многумина го сметаат овој процес за пресвртница во правдата за случаи на сексуално злоставување. Како што изјави адвокатката на една од жртвите, Линдзи Голдбрум: „Ова е порака до сите преживеани дека системот почнува да се менува – и дека вреди да се бориш, дури и кога изгледа невозможно“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...