Холивудскиот актер позираше целосно гол и предизвика воздишки кај обожавателите

Date:

На општо изненадување на обожавателите, американскиот актер Џош Бролин позираше целосно гол на својата последна објава на Инстаграм. Како што пишува „Дедлајн“, на сетот на „Outer Range“, драмата во која Бролин игра ренџер од Вајоминг кој се бори за својата земја и семејство, бил фотографиран „како од мајка роден“ додека се релаксирал помеѓу снимањето на втората сезона.

„Подготовките за втората сезона на „Outer Range“ се во тек.“ , напиша 55-годишниот Бролин на својот Инстаграм профил.

„Сега работите одат во друга насока. Светот се менува и мораме да бидеме чувствителни на се. Не треба да објавуваме фотографии од сетот, но ова всушност не е од сетот, туку за време на ручекот во прекрасната пустина Санта Фе. Благодарност до Брајан Бовен Смит за документирањето на нашите најприватни моменти за време на снимањето на серијата.“, додава во описот под голата фотографија.

Актерот е познат по бројните филмови, меѓу кои и детскиот класик „Goonies“, потоа „Deadpool 2“„Sicario“ и „Avangers“ на Марвел каде го глуми негативецот Танос.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...