Македонските пејачи Александар Тарабунов и Димитар Андоновски го објавија нивниот дует „Ќе преживеам“. Станува збор за дуетска песна, која брза и претендира да стане вистински летен хит.
Песната доаѓа како резултат на долгогодишна соработка и пријателство и, во суштина, е остварување на нивните дамнешни планови, но е и најава за она што ќе следува од нив во периодот кој доаѓа.
„Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто што ќе го направиш ти се допаѓа значи дека е добро, е нам песнава ни се допаѓа“, рече Тара на денешната промоција во едно скопско кафуле.
Тарабунов и Андоновски снимија и видеозапис за песната, под режисерска палка на Валдислав Гавриловски. Спотот е снимен во винаријата „Кралица Марија“ во Демир Капија.