Хирурзите оперираат без упат, листата на чекање им е „во тефтер“

Date:

Министерот за здравство Азир Алиу промовираше нов модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи.

-На јавен портал ќе биде достапна листа на закажани елективни хируршки интервенции и ќе има стандардизирани правила за внесување и ажурирање на податоците во системот. Воспоставуваме јасен протокол на транспарентен начин да се води електронската  евиденција за закажаните интервенции во здравствените институции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принципот „прв дојден прв услужен“, рече министерот Алиу.

Досега евиденцијата на елективни хируршки интервенции се водеше во системот Мој Термин преку издавање упат за операција. Но, според министерот утврдени се недостатоци во системот.

-Прво, упатите не се издаваат веднаш, при утврдување на потребата за операција туку пред самата интервенција. Потоа, дел од установите и лекарите користат друг тип на упат за евиденција на пациентите на листата, а лекарите листите ги водат во хартиена форма. Листите на чекање не се прочистени и така се создава неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби на пациентите. Резултатот од анализата за 2025 покажува значителна разлика меѓу реализираните упати кои биле 58.648, а реализирани операции имало 93.510. Тоа укажува дека не се почитувала законската обврска да се издава специфичен упат за операција, рече Алиу.

Овој модул за пациентите ќе овозможи пребарување и приказ преку повеќе комбинирани параметри. Корисниците на јавниот портал може да пребаруваат по следните клучни филтри: „специјалност на лекар“ „хируршка интервенција“ „јавна здравствена установа“ „лекар специјалист“ „број на пациенти кои чекаат“ итн.

-Идејата е транспарентноста, да знаеме во одредена здравствена институција колкава е листата на чекање за одредена здравствена услуга или одреден доктор. Досега тоа не беше така, заради тоа што листата на чекање беше водена во хартиена форма. Што значи дека може да има злоупотреба. А со системот нема да има, и ќе знаеме автоматски кога сме ние на ред. Интервентните услуги и итните услуги нормално дека нема да чекаат, туку итната интервенција ќе се реализира истиот ден, рече министерот.

Листата на чекање ќе се ажурира секои 24 часа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...