ХИДРОБИОЛОШКИОТ ЗАВОД ВО ОХРИД – КАМЕН-ТЕМЕЛНИКОТ НА МОЕТО ТВОРЕШТВО (4)

Date:

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“

Денес мојот публицистички опус опфаќа 66 наслови на книги и 4 дела посветени на моето творештво од други автори, од кои 25 се тесно поврзани со иселеништвото, 20 се монографии за познати личности во иселеништвото и во Македонија, десетина се лексикографски изданија и десетина дела сe поврзани со религијата.

Првото мое дело е “English-Macedonian Limnological Dictionary” („Англиско-македонски лимнолошки лексикон“) (1986), издание на Хидробиолошкиот завод од Охрид, објавен во јули 1986 година на 206 страници (на англиски и македонски). Тој е прв лексикон во македонската двојазична лексикографија за лимнологијата. Во него се обработени научни и стручни термини од областа на хидробиологијата на копнените води – лимнологијата, чиј рецензенти се: д-р Борис Оцевски, д-р Јонче Шапкарев и проф. д-р Владимир Цветковски

Во воведот на овој првенец на македонската научна и стручна лексикографија. д-р Борис Оцески, меѓу другото, напиша:

Во речникот се застапени термини, изрази и поими од областа на биолошките и биотехничките науки, со посебен акцент на лимнологијата. Тој се појавува како резултат на авторовите повеќегодишни истражувања и преведувачка дејнос на полето на хидробиологијата на копнените води, остварени во Хидробиолошкиот завод во Охрид и на други места. Самиот факт што лексиконот содрши околу 4.000 терминолошки изрази со стручни толкувања, говори за сериозноста и значењето на ова дело, прво од ваков вид во Република Македонија“.

Промоции и објави:

Во врска со промовирање на “Англиско-македонскиот лимнолошки речник“, треба да се одбележи дека првата промоција беше направена на 25 јуни 1986 година во Здружение на новинарите на Македонија во Скопје, односно во Клубот на новинарите во Скопје, во присуство на голем број научници, новинари, пријатели, мои почитувачи и љубители на пи­ша­ниот збор. За делото зборуваа д-р Јорданка Серафимова – Ха­џишче, тогашен директор на Хидробиолошкиот завод и д-р Борис Oцевски, нау­чен советник во Заводот.

Тие, меѓу другото истакнаа дека мојата преведувачката кариера започна со моето доаѓање во Хидробиолошкиот завод во Ох­­рид и дека сум покажал голем интерест кон биолошките дисциплини.

Инаку, делото English-Macedonian Limnological Dictionary” („Англиско македонсколимнолошкиот лексикон) е публикација во која се собрани зборови и термини на англиски јазик по азбучен ред со толкување на англиски, а во превод на македонски јазик, со кои можат да се служат, покрај научниците и обичните луѓе, ученици и и луѓе од научниот свет, особено оние кои се занимаваат со лимнологијата.

Исто така на 22.08.2018, година беше одржана Книжевна средба со мене во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“, во Охрид, на која, д-р Томе Груевски претстави посебен простор за содржината и значењето на „Англиско македонсколимнолошкиот лексикон“.

Во врска си Хидробиолошкот завод во Охрид треба да се нагласи дека за академикот проф. д-р Синиша Станковиќ кој прв го формира Заводот во 1934 година и ја изразе својата љубов кон Охридското Езеро, Охрид и Македонија, објавив дванаесет (12) продолженија во порталот „Македонска нација“ од Скопје. Истите продолженија се објавени во порталот „Мактел“ од Сиднеј, Австралија и во порталот „Македонско сонце“ од Скопје.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Сакаат да ме убијат во затворот“: Осудениот пејач го моли Трамп да му ја намали казната од 30 години

Контроверзниот американски пејач Р. Кели официјално побара од претседателот Доналд...

Џенифер Лопез прошета во жешко издание на Сицилија

Џенифер Лопез (56) со полна пареа го започна летото...

Џони Деп призна дека го малтретирал Леонардо Дикаприо

Леонардо Дикаприо немал толку среќа. На снимањето бил малтретиран од...

Џенифер Гарнер откри како изгледа заедничкото родителство со Бен Афлек

Иако зад себе имаат бурен развод, холивудските ѕвезди Џенифер...