Херојски потег на судијата Радески, му го спаси животот на фудбалер на Речица

Date:

Викендов, за малку беше избегната голема трагедија на натпреварот од Третата лига на Македонија помеѓу екипите на Речица и Доброште. Најзаслужен за тоа е главниот судија Дарко Радески, кој со херојски потег спаси живот на еден од домашните фудбалери. 

На стартот од второто полувреме по еден дуел во воздух дефанзивецот на Речица незгодно падна на тревата и остана да лежи. Веднаш се заклучи дека ситуацијата е опасна, па затоа главниот судија веднаш дотрча до фудалерот кој што лежеше на тревата и го извадил јазикот со цел да спречи гушење.

„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја загуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, за Мнет телевизија изјави судијата Радески.

Инаку, средбата, заврши со минимална победа на гостите од Доброште со резултат од 0-1.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...