Хезболах тврди дека извршил ракетен напад врз база на израелското воено разузнавање

Date:

Сирените за предупредупредување од воздушен напад утрово се огласиле во Тел Авив, откако Хезболах соопшти дека извршил ракетен напад на областа Нирит во предградијата на главниот град на Израел, пренесува „Гардијан“.

Израелската војска соопшти дека околу 20 ракети биле истрелани во најновниот бараж од Либан, од кои пет биле насочени кон централен Израел, а останатите 15 кон северот на земјата.

Од ИДФ велат дека се обиделе да ги пресретнат прокетилите и дека засега нема извештаи за загинати или повредени лица.

Според инфромациите што ги објавија израелските медиуми, повикувајќи се на полицијата, фрагменти од пресретнувачките проектили паднале во израелскиот град Магаан Михаил, оштетувајќи зграда и возила.

Милитантната група Хезболах, со седиште во Либан, соопшти дека ја гаѓале базата „Глилот“ на израелската воена разузнавачка единица 8 200, лоцирана во предградијата на Тел Авив. Дополнително, Хезболах тврди дека нивна цел била и поморска база во близина на градот Хаифа.

Според „Гардијан“, на видео-снимки, кои биле потврдени за агенцијата Санад на Ал Џезерира, можел да се види чад како се издига во близина на населбата Беит Арјех, северно од окупираниот Западен Брег и источно од Тел Авив.

Инаку, нападот од Хезболах доаѓа во пресрет на посетата на американскиот државен секретра Ентони Блинкен, кој денеска треба да пристигне во Израел, во рамките на неговата блискоистична турнеја, која, според пишувањата на медиумите, треба да даде нов поттик на преговорите за прекин на огнот во Газа по ликвидацијата на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, минатата недела.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...

Се бара 30 дневен притвор за Бектеши

Oсновното јавно обвинителство бара 30 дневен притвор за поранешниот...