Крстарење на југот од Франција со луксузна јахта и личноста која ја сакате најмногу на свет, звучи совршено, зарем не? Хајди Клум очигледно го живее својот сон… Страсна и интензивна кон сопругот.

Хајди Клум (49) веќе 4 години е брак со својот сакан Том Каулиц (33), но тие се вљубени како и првиот ден, а доказ за тоа се фотографиите направени за време на нивното крстарење низ Франција со јахта.

Тие се уловени од папарацо фотографите како страсно се бакнуваат, а Хајди изгледа посекси од кога било.

Германскиот модел нежно го прегрнува и бакнува својот сакан, а потоа уживаат со студен пијалак, водени спортови и уживање.

Совршен одмор, зарем не?