Супермоделот Хајди Клум се појави на Формула 1 трката во Лас Вегас со својот сопруг Том Каулиц, а во таа прилика на Инстаграм објави фотографија на која позираат заедно.
Манекенката позираше само во подолга кожна јакна и црни гаќички, мрежести чорапи и кожени чизми и ги изненади обожавателите со своето издание.

Хајди се пофали дека таа и нејзиниот сопруг се забавувале до зори објавувајќи видео на Story од хотелската соба во кое му вели: „Душо, браво, сонцето изгрева“ и покажа како се забавувала цела ноќ.
