Хајди Клум за врската со 16 години помлад сопруг: Имаме многу добар секс

Date:

Хајди Клум (51) откри ретки детали од возбудливиот љубовен живот со сопругот Том Каулиц (35), кој е шеснаесет години помлад од неа, со кого е во брак пет години.

Клум со ентузијазам зборуваше за својот сопруг и истакна дека нивната енергична интимност ја прави млада.

Таа изјави за Тајмс: „Немам болки во грбот или колената, а го имам мојот сопруг“, пред да се насмее и да додаде дека нивниот „сексуален живот е многу добар“ и дека во него ја нашла својата сродна душа. Хајди изјавила и дека не ѝ се допаѓа терминот „играчка“ за помлад маж во врска со постара жена, бидејќи мисли дека разликата во годините не е важна.

Пред да се омажи за гитаристот Том Каулиц, Хајди Клум беше во брак со британскиот пејач Сил. Таа беше во брак со него од 2005 до 2014 година. Имаат четири деца: Лени (20 години), Хенри (18 години), Јохан (17 години) и Лу (14 години).

За потсетување, Хајди повторно успеа да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките. Поранешната манекенка, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, организирала забава во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц дојдоа облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година. Режисер на филмот е Стивен Спилберг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...