Хајди Клум во провокативно издание на празничните фотографии од Карибите

Date:

Германската манекенка Хајди Клум (50) го прослави Божиќ со својот сопруг Том Каулиц (34) на луксузно патување на Карипските Острови. Двојката не ја криела својата љубов, пишува „Дејли мејл“, па додека се одморале на песочната плажа си разменувале нежности.

Клум објави неколку фотографии и видеа од одморот, на кои таа и Каулиц уживаат во празничните мигови. Манекенката ја покажа својата завидна фигура во црно бикини, кое го искомбинирала со наметка со гепартски дезен и новогодишна капа со светки.

Хајди Клум

Објавата содржи и видео на кое се гледа како манекенката елегантно стои на лулашка, додека нејзиниот сопруг несмасно се обидува да ѝ се придружи. Исто така, Клум и Каулиц уживале во прекрасната глетка на зајдисонцето, држејќи се за раце.

Славниот пар е во брак од 2019 година, а со тоа Каулиц стана очув на нејзините четири деца – 19-годишната Лена, 18-годишниот Хенри, 17-годишниот Јохан и 14-годишната Луа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Синер кажа што мисли за повлекувањето на Ѓоковиќ од Австралијан опен

Првиот рекет на АТП-листата, Јаник Синер, ќе се соочи...

Ракометната репрезентација на Македонија со Франција на Светското првенство.

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 20:30...

Ролат со јаболка

Состојки:За тесто4 голими јајца120 гр шеќер1 ќесече ванилин шеќер4...

Белгија избра селектор, во Скопје доаѓа со човекот кој го откри Еден Азар!

Белгиската репрезентација наскоро ќе добие нов селектор. Руди Гарсија,...