Карен Хачанов од Русија успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на грен слем турнирот „Австралија опен“ во Мелбурн. Во четвртфиналето при водство на Хачанов од 7:6 (5), 6:3 и 3:0, Американецот Себастијан Корда во третиот сет го предаде мечот поради повреда.
За пласман во големото финале рускиот тенисер ќе игра против победникот од мечот Стефанос Циципас (Грција) – Јиржи Лехечка (Чешка).
Во останатите четвртфинални дуели закажани за в среда се среќаваат: Бен Шелтон (САД) – Томи Пол (САД) и Андреј Рубљов (Русија) – Новак Ѓоковиќ (Србија).
Кај жените Елена Рибакина од Казахстан со 2:0 во сетови 6:2 и 6:4 за еден час и 21 минута игра ја совлада Летонката Јелена Остапенко.
Во полуфиналето Рибакина ќе се соочи со победничката од дуелот Џесика Пегула (САД) – Викторија Азаренка (Белорусија). В среда ќе играат Каролина Плишкова (Чешка) – Магда Линет (Полска) и Арина Сабаленка (Белорусија) – Дона Векиќ (Хрватска).
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]