Хари Стајлс циција: Осамна сметка од ресторан, пејачот оставил бакшиш од само 5 долари

Date:

Обожавателите на британскиот пејач Хари Стајлс застанаа во одбрана на ѕвездата откако неговиот бакшиш од 2015 година осамна на социјалната мрежа Тик-ток.

Снимката на Тик-ток ја прикажува сметката заедно со фотографијата на Стајлс со сопственикот, која се чини дека е изложена во ресторанот.

Сметката изнесувала вкупно 72,50 долари, а Стајлс оставил бакшиш од 5 долари.

„Не е добар во математика“, стои во описот на објавата.

Видеото собра милиони прегледи и стотици коментари од обожавателите кои го бранат пејачот.

„Дефинитивно не ја разбрал културата на бакшишот, затоа што тој е од Британија, смирете се“, „Покрај тоа, земал и храна за дома. Јас не оставам ништо зад себе кога имам храна за носење“, пишуваат тие.

Обожавателите се присетиле во коментарите како музичарот бил во ресторан на Карибите со пејачката Адел (35) во 2020 година и оставил бакшиш од 2.020 долари, додека сметката изнесувала 472,50 долари.

Меѓутоа, ги има и оние кои го прозиваат Стајлс, со оглед на тоа што тој и во 2015 година „тежел“ милиони долари, а оставил бакшиш од само 5 долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРЕСТОЈОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ТРЕТИ ВО ВАВИЛОН (73)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Киргиос не запира: Пристигна барање на кое брутално одговори

Австралискиот тенисер Ник Киргиос по којзнае кој пат го...

Најдобрите македонски фудбалери се пак на собир и во мисија да ги победат Летонија и Ерменија на гости

Најдобрите македонски фудбалери се повторно на собир. Најголемиот дел...

Дончиќ погоди луд кош и си доби – 100.000 долари!

Често пати досега Лука Дончиќ на тренинзите и загревањата...