Хари во мемоарите открива: „Во Авганистан убив 25 луѓе“

Date:

Ова е прв пат 38-годишниот Хари да зборува за бројот на талибански борци кои лично ги убил во текот на својата воена служба, а рекол дека тоа е нешто со кое не се гордее, но не се ни срами.

Принц Хари во својата автобиографија открил дека, додека бил пилот на хеликоптер „Apache“ во текот на својата втора должност во Авганистан, убил 25 луѓе, пишува „The Telegraph“.

Ова е прв пат 38-годишниот Хари да зборува за бројот на талибански борци кои лично ги убил во текот на својата воена служба, а рекол дека тоа е нешто со кое не се гордее, но не се ни срами.

Војводата од Сасекс пишува дека летал на шест мисии кои резултирале со одземање на човечки животи, а вели дека во жарот на борбата не размислувал за „луѓе“, туку за „шаховски фигури“ кои се отстранети од таблата.

Принцот долго бил на мета на терористите, не само поради некогашниот кралски статус, туку и поради двата ангажмани во Авганистан, поради кои бил на мета на исламистички терористички организации. Сега се стравува дека по објавувањето на мемоарите би можел повторно да се најде на мета.

Минатата година отворил правна постапка поради одлуката на министерството за внатрешни работи да одбие да му пружи целосна полициска заштита при посетата на Британија. Неговиот адвокат рекол дека не се чувствува безбедно во Велика Британија откако со својата сопруга Меган Маркл ги напуштиле кралските должности.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...