Харисон Форд со полициско возило итно е евакуиран од пожарот што беснее низ Л.А.

Date:

Разорните пожари кои беснеат низ Калифорнија веќе уништија стотици домови, вклучувајќи ги и луксузните куќи на познати личности, додека повеќе од 130.000 луѓе се евакуирани од загрозените области.

Според Њујорк Пост, пожарите ги однеле првите жртви, додека ширењето на пожарот се уште не е запрено. Меѓу евакуираните е и познатиот холивудски актер Харисон Форд (82).

Славниот „Индијана Џонс“ го напуштил својот луксузен имот во Брентвуд, купен во 2011 година за 12,6 милиони долари, со празни раце, придружувајќи им се на соседите во безбедна област.

Форд е виден во лежерна облека – фармерки, темна маица и јакна – додека неговата сопруга Калиста Флокхарт (60) се уште е во Њујорк поради деловни обврски, како што откри на неодамнешните Златни глобуси.

Актерот изгледаше вознемирено додека гледаше колкава е штетата што пожарот ја предизвикува во неговата околина и домовите на неговите колеги.

Многу познати личности се соочуваат со катастрофални загуби, со уништени нивните домови вредни милиони долари. Дури и омилените ресторани на богатите и славните исчезнаа во пожарите кои со денови го пустошат Лос Анџелес и околината. Ситуацијата и понатаму е критична, а противпожарните екипи постојано се обидуваат да го локализираат пожарот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...