ХАМАС СЕ ОБУЧУВАЛ ЗА СМРТОНОСНИОТ НАПАД НА ИЗРАЕЛ ВО ШЕСТ КАМПОВИ ВО ГАЗА, ОД КОИ ЕДЕН БИЛ НА КИЛОМЕТАР ОД ГРАНИЦАТА

Date:

Видео од декември 2022 покажуа борци на Хамас како упаѓаат во тренинг база, испалуваат ракети и фаќаат заробеници додека окружуваат лажна израелска зграда. Според анализите на Си-Ен-Ен, кампот бил нов и многу блиску до пешачкиот граничен премин Ерез, што милитантите на Хамас го пробија минатата сабота, по што нападнаа 20-ина израелски заедници, убивајќи над 1.000 цивили.

Друго видео снимено пред една година покажува борци на Хамас како вежбаат полетување, слетување и напади со параглајдери, необичен метод што беше користен при упадот во Израел.

Си-Ен-Ен анализираше видеа со тренинзи и пропаганда на Хамас снимени во рок од две години, кои покажуваат неколкумесечни тренинзи за нападот од 7 октомври и откриваат дека тие се одвивале на најмалку шест локации во Газа. Две од овие места се наоѓаат на еден километар од најсилно утврдената и контролирана секција од границата, еден е во централна Газа, а три во јужниот дел на енклавата. Сателитиските снимки од последните две години не покажуваат дека израелската војска ги напаѓала овие локации во тој период.

По шокантниот напад на Хамас, во кој како заложници беа земени околу 150 луѓе, се покренаа прашања за разузнавачките и оперативните пропусти на израелскиот безбедносен апарат, кој важи за еден од најсофистицираните на светот.

„Хамас има многу тренинг бази. Многу од тие места се направени за да изгледаат цивилно“, изјави портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус, додавајќи дека Израел немал голема ескалација со Хамас повеќе од две години.

Сепак, пет локации немаат цивилни елементи и речиси идентично се конструирани и уредени. Некои кампови имаат ограда и капии.

Високиот функционер на Хамас, Али Барака, откри дека саботниот напад се подготвувал две години и дека сојузниците на групата не биле однапред известени за намерите на групата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија доби две места во Европската лига, но уште ќе чекаме за директно место во Лигата на шампионите

Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите...

ФИФА го избра идеалниот тим на Светското првенство

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на...

Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје

Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако...

Лажна кремпита

Ако ги сакате кремпита, но немате време да правите...