Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Date:

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде што зборуваше за својот приватен живот и за партнерот, американскиот текстописец и пејач Ван Хант, со кој е во врска од 2020 година.

„Тоа беше првпат лудо да се заљубам уште пред да имаме врска. Тоа никогаш не ми се случило досега. Зборувам за едно од најубавите искуства што ми го менува животот. Беше магично. Едноставно, магично“, изјави 58-годишната Хали за својот партнер.

Пред лудо да се заљуби во четири години помладиот Ван Хант, Хали била фокусирана на работата, а идниот партнер го запознала преку брат му. Според Хали, ѝ требало една минута да сфати дека тој е навистина вистинската личност за неа.

„Ја создадов мојата кариера, но никогаш не бев добра во врските. Сето тоа беше лабаво. Всушност, треба да му бидеш јасен на универзумот или нема да разбере што сакаш… Моментот кога, конечно, почнав да се разбирам себеси, како и она што го правам лошо, братот на Ван, кого го познавам со години, дојде кај мене и ми кажа дека морам да се сретнам со брат му“, рече актерката.

Хали Бери претходно беше во брак со Дејвид Џастис, Ерик Бенет и Оливие Мартинез, со кој го има синот Мејс Роберто, а од врската со Габриел Обри ја има ќерката Нала Ариела.

Во интервјуто таа се осврна и на својата возраст: „Годините се само бројка што ни е залепена од раѓање. Како жени, таа нè дефинира многу повеќе од мажите и понекогаш може да нè ослаби“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Зендеја го најави враќањето на „балон-здолништата“ во мода

На крајот од Модната недела во Париз, и Зендеја...

Моника Белучи пред својот 60-ти роденден позираше само со бела кошула и високи потпетици

Актерката Моника Белучи (59) неодамна повторно е во центарот...

Селена Гомез за статусот милијардерка: Благодарна сум, но невкусно е да се зборува за пари

Селена Гомез неодамна постигна уште еден голем успех во...

Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со својот татко: „Многу го сакам овој човек“

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, на социјалните мрежи...