Хакерот на ЦИА кој му даде информации на Викиликс осуден на 40 години затвор

Date:

Поранешен службеник на ЦИА е осуден на 40 години затвор поради протекување податоци до кои дошол Викиликс.

Тој е осуден по повеќе обвиненија: шпионажа, компјутерско хакирање, непочитување на судот, давање лажни изјави пред ФБИ и поседување слики за сексуална злоупотреба на деца.

– Џошуа Шулте ја предаде својата земја со извршување на некои од најгрозоморните злосторства на шпионажа во американската историја, рече јавниот обвинител.

Шулте ги отфрли сите обвинувања.

Обвинителите го обвинија дека ги обелоденил алатките на ЦИА „Vault 7“, кои им овозможуваат на разузнавачите да хакираат паметни телефони и да ги користат како уреди за прислушување.

Шулте (35) му дал на Викиликс 8.761 документ во 2017 година, што е најголемото нарушување на податоците во историјата на ЦИА, соопшти американското Министерство за правда.

Според Си-Ен-Ен, Шулте бил вработен како програмер во Центарот за кибер разузнавање, кој шпионира терористички организации и странски влади. Обвинителите на судењето изјавија дека во 2016 година тој ги украл информациите и ги дал на Викиликс, а потоа ги излажал агентите на ФБИ за неговата улога.

Тие рекоа дека бил мотивиран од гнев поради кавга на работното место и сакал да ги казни оние за кои сметал дека биле неправедни кон него.

Тој е во затвор од 2018 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...