ФФМ со казни по инцидентот во Штип: Исклучување од фудбалската организација за напаѓачот од Шкупи

Date:

За другите двајца играчи на Шкупи, кои исто така учествувале во инцидентот, е изречена казна забрана за играње во траење од три месеци, додека фудбалер на Брегалница доби забрана за играње на четири натпревари.
По инцидентот што се случи на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи на клубовите Шкупи 1927 и Брегалница 2008 на стадионот во Штип, првостепената дисциплинска комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлуки со кои се казнуваат четворица фудбалери, клубовите и официјалните лица.

Најтешка казна има за играчот на Шкупи, Абдуљи Леарт, кој физички го нападна противничкиот играч и му нанесе сериозни повреди. Според членот 43 од Дисциплинскиот правилник, тој е исклучен од фудбалската организација.

За другите двајца играчи на Шкупи, Рамадани Ибрахим и Новобрдалија Амар, кои исто така учествувале во инцидентот, е изречена казна забрана за играње во траење од три месеци.

Играчот на Брегалница, Гоцев Симеон, доби казна забрана за играње на четири натпревари, бидејќи учествувал во инцидентот со груба игра и пречекорена самозаштита.

Од ФФМ велат дека одговорност за инцидентот има и кај клубовите и официјалните лица. Двата клуба, додаваат од ФФМ, сносат организаторска и колективна одговорност за инцидентот.

„За фудбалскиот клуб Шкупи 1927 е поведена дисциплинска постапка поради физичкиот напад на родители/навивачи врз противничките играчи, а санкцијата се однесува конкретно на екипата, помлади пионери која го сторила прекршокот“,

додаваат од ФФМ.
За клубот Брегалница 2008 од ФФМ велат дека е поведена дисциплинска постапка поради лоша организација на натпреварот и пропусти во обезбедувањето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...

ЅВЕЗДИТЕ НА „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ БЛЕСНАА НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЊУЈОРК

Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен,...