Функционерите јадат бифтеци – Студентите не можат да си дозволат ниту бурек со јогурт

Date:

По првиот академски час заклучок на повеќето студенти е дека премиерот и министрите се ефикасни само во ветувања, како што ветија и лани, а ништо не е ни остварени ни започнато. Самите студенти најдобро знаат каков им е стандардот, а секако политичарите ќе излезат со изјави дека е подобрен студентскиот стандард. Промени и подобрувања нема, има само влошување на стандардот и пад на квалитетот на образованието, вели студентот Јован Јанев, активен во борбата за студентскиот стандард, во Студио 10 на ТВ 24.

За разлика од претходните 120 денари, 140 е подобрување, но реформата е апсурдна. Која е поентата да се инвестира во студентите кои ако денеска не ги потрошат денес тие 140 денари парите се враќаат во државниот буџет. На некои студенти им е укинат и појадокот во домовите со што се губи смислата оти 140 денари и не се доволно за пристоен оброк“, изјави Јанев.

Јанев тврди дека доколку инфлацијата продолжи со ваков раст, прашање е уште колку време студентите со примање од 140 денари ќе имаат за бурек и јогурт, а тоа е многу далеку од здрав студентски оброк како што лани ветуваа од политичките партии на власт.

Голем број од картичките не ни функционираат поради некои технички причини, но веруваме дека Владата и Министерството треба да издејствуваат побрзо решение. Оттука, ни тие 140 денари студентите не можат да ги искористат и се враќаат во државната каса. Кога треба да се инвестира во студентите ние штедиме, кога има тендери тогаш не се штеди. Тоа е убивање на една генерација само поради личен профит“, вели Јанев.

Јанев смета дека ако некоја партија се нарекува социјал-, а пратениците јадат бифтек за 180 денари и студентите треба цел ден да јадат за 140 денари, при што имаат 78 отсто зголемени плати – треба да си го сменат името.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...