Фудбалерите со реми против Англија ги завршија Еуроквалификациите

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Македонската фудбалска репрезентација со реми против Англија го заокружи квалификацискиот циклус, ја вративме гордоста и покажавме дека мечот на Олд Трафорд не беше реална слика, натпреварот во Скопје заврши 1-1.
Македонската репрезентација одигра одличен меч и го сопре силниот противник, Англија во своето трето гостување во Скопје првпат дома се враќа без победа.
Натпреварот почна со иницијатива на Англија, гостите играа на нашата половина, а првиот конкретен обид го имаа преку Деклан Рајс кој биеше од далечина и ја погоди стативата од голот на Димитриевски.
Нападите на Англичаните претежно беа јалови, без конкретност во нив. Македонија тешко доаѓаше до голот на противникот. Но во финишот од првиот дел Миовски доби удар со лакт од дебитантот Рико Луис, судијата откако ја прегледа снимката покажа на белата точка за нашата репрезентација. Барди го изведе пеналот, ударот го одби Пикфорд, но одбиената топка дојде до македонскиот фудбалер кој овојпат не погреши, даде гол за водство од 1-0.
Откако прими гол Англија почна поагресивно да напаѓа, во судиското продолжение од првото полувреме се обидоа Луис и Арнолд од далечина, но Димитриевски беше поуспешен и од двајцата. Македонија со водство од 1-0 замина на одморот.
Со почетокот на вториот дел тргна лавина напади на Англија, по една минута игра Грилиш постигна гол по асистенција на Сака, но ВАР го поништи погодокот поради офсајд.
Во 58. минута Саутгејт го пушти Кејн во игра, а напаѓачот на Баерн Минхен со својот прв допир на топката го изедначи резултатот на 1-1. Фоден нафрли од корнер, а Кејн со глава реализираше за Англија.
Гостите се обидуваа да го свртат мечот, но Македонија одлично се бранеше и не им дозволуваше на Англичаните да креираат многу шанси. Следниот конкретен обид го имаа во 82. минута кога Мегваер биеше со глава, но тоа беше лесен плен за македонскиот голман.
Македонија имаше шанса преку Серафимов во 88. минута, македонскиот дефанзивец биеше со глава, но за малку над пречката на Пикфорд.
До крајот успешно се одбранивме, Англија не ни создаде големи потешкотии, момците на Благоја Милевски се изборија за заслужено реми.
Со овој меч се заокружи уште еден квалификациски циклус на македонската репрезентација, завршивме со осум освоени бода, две победи, две нерешени и четири порази.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доминантна победа на Алкалоид во Италија за чекор кон четвртфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид со една нога веќе се во...

И Атлетико киксираше, Барселона има можност да го преземе врвот во Примера

По Реал Мадрид и Атлетико Мадрид не успеа да...

Кирјос се огласи за спогодбата меѓу Синер и Светската анти-допинг агенција

Ник Кирјос беше најголем критичар на Јаник Синер во...

Рaванија

Состојки5 јајца10 лажици шеќер1 ванила5 лажици врела вода10 лажици...