Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дерманан го обвини напаѓачот на фудбалската репрезентација Карим Бензема.
Дерманан во телевизиско интервју кажа дека Бензема соработувал со терористи и поради тоа против него ќе биде почната истрага.
„Затворивме над 1.000 муслимански центри во земјата, но сега јавно го повикувам Бензема. Тој одржува контакти со терористи и сите знаеме дека е во контакт со ‘Муслиманско братство’“, обвини министерот.