Француската министерка за здравство: Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал

Date:

Француската министерка за здравство Стефани Рист денеска изјави дека сè уште не се познати сите детали за хантавирусот откриен на крузерот „Хондиус“, вклучително и тоа дали тој мутирал, иако официјалните лица во моментот се „релативно спокојни“.

– Постојат нешта што не ги знаеме за овој вирус. Сè уште ја немаме целосната секвенца на вирусот што би ни овозможила со сигурност да кажеме дека тој не мутирал –  истакна Рист пред Националното собрание на Франција.

Според Светската здравствена организација (СЗО), засега нема знаци за нешто необично во сојот на хантавирусот на бродот. Жариштето е поврзано со сојот од Андите, поради што официјалните лица се во консултации со Аргентина, каде слично жариште беше ликвидирано во 2019 година.

Досега СЗО потврди девет случаи на зараза и повика на итна изолација на сите сомнителни случаи. Организацијата очекува бројот на заболени да порасне со оглед на многубројните контакти меѓу патниците пред откривањето на вирусот, но нагласува дека засега нема знаци за пошироко распространување на заразата надвор од крузерот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Трамп бара од Израел и Иран веднаш да престанат со нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на итно запирање на...

ВМРО-ДПМНЕ: Само за Филипче и Радев уставните измени се единствена реформа

Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот...

Левица се подготвува за предвремени избори

Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна...

ЕФА: Бугарија да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство

На годишното собрание на Eвропската слободна алијанса (European Free...