Франција ја симна Норвешка од тронот и се искачи на врвот на светскиот ракомет

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Франција е нов светски шампион во женски ракомет откако оваа селекција славеше во големото финале во Хернинг над бранителот на трофејот Норвешка со резултат 31-28. Французинките одиграа извонреден меч пред се на офанзивен план, што им овозможи да се радуваат на обединување на олимписката и на светската круна, како најава за олимпискиот турнир во Париз наредното лето.
Дуелот беше израмнет во голем дел од првото полувреме, Норвешка имаше водство од 5-7, но Французинките успеаја да се вратат, потоа и да го свртат резултатот во своја полза. Норвешка одигра катастрофално во одбраната во тоа прво полувреме, неколку пати имаше негатива од четири гола, за на одмор да се замине со 20-17 за Франција. Јасно беше дека одбраната ќе биде далеку подобра на двете страни, но француските ракометарки успеваа да ја пдржат удобната предност. При 29-25 тие не искористија и зицер за „плус пет“, но по што Норвешка експресно казни и намали на 29-27 на пет минути до крајот. Младата Грандво ја презеде одговорноста кога беше најважно, постигна клучен гол за 31-28, трасирајќи си го патот до златото, во финалето што Франција го доби со конечни 31-28, за четврта светска круна во историјата на оваа селекција.
Грандво и Хорачек со по пет гола беа најефикасни во таборот на новите светски шампионки, по четири погодоци постигнаа Валентини и Канор, додека најрасположена во норвешката селекција беше Офтедал со шест, пред Реистад со пет погодоци.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...

Кети Пери конечно се огласи по вселенското патување

Поп ѕвездата Кети Пери (40) се соочи со жестоки...