ФРАНЦИЈА И САУДИСКА АРАБИЈА ОРГАНИЗИРААТ САМИТ ЗА ПОДДРШКА НА ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА

Date:

Франција и Саудиска Арабија ќе соберат десетици лидери денеска во Њујорк за да изразат поддршка за решение со две држави, при што неколку од нив најавија признавање на палестинската држава. Израел и САД ќе го бојкотираат самитот, додека израелскиот амбасадор со Вашингтон, Дани Данон, го опиша како циркус.

Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија вчера и формално ја признаа палестинската држава, што денеска би можеле да го направат уште неколку држави, вклучувајќи ја Франција. Сепак, некои европски сили нема да го следат овој потег. Италија кажа дека признавањето би било контрапродуктивно, а Германија смета дека тоа ги поткопува напорите да се постигне решение со две држави низ преговори со Израел.

Израел размислува за анектирање на дел од окупираниот Западен Брег како можен одговор, како и за специфични билатерални мерки против Франција, изјавија израелски функционери, иако се очекува признавањата да бидат во голема мера симболични. Од друга страна, анексијата би можела да го отуѓи Израел од некои сојузници, како Обединети Арапски Емирати, единствената арапска држава која ги нормализираше односите со Тел Авив.

Американската влада, исто така, најави можни последици за оние кои преземаат мерки против Израел, вклучително и Франција, чиј претседател Емануел Макрон е домаќин на самитот во Њујорк. Самитот, што се одржува пред Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, следува по започнувањето на израелската копнена офанзива во градот Газа, што ги намали шансите за постигнување прекин на огнот.

„Одлуката што претседателот Макрон ќе ја презентира денеска попладне е симболична, непосредна и политичка и ја покажува посветеноста на Франција кон решението со две држави. Признавањето на палестинска држава е отфрлање на Хамас и повикува на негово исклучување од каква било идна улога во управувањето со Газа“, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Марк Ентони стана татко по осми пат

Латино-ѕвездата Марк Ентони (57) и неговата сопруга, поранешната мисица Надија Фереира (27), го...

Внуката на Трамп покажа како се подготвува за дебито на црвениот тепих, па наиде на критики

Деветнаесетгодишната внука на Доналд Трамп, Каи Трамп, објави ново видео на...

Шарлиз Терон не можеше да го сокрие воодушевувањето од Мет Дејмон: „Го гледам чудно… Не требаше да го кажам тоа“

Холивудската актерка Шарлиз Терон привлече големо внимание со своите...

Оливија Вајлд: Врската со Хари Стајлс ми нанесе штета и на кариерата и на приватниот живот

Американската актерка и режисерка Оливија Вајлд изјави дека негативните реакции од...