Македонската машка ракометна репрезентација ја продолжи серијата настапи на големите натпреварувања, а по ждрепката во Диселдорф ги доби противниците за првата фаза од континенталниот шампионат.

Македонската репрезентација повторно немаше среќа во ждрепката за противниците во првата фаза од континенталното првенство. Македонија во првиот круг од шампионатот ќе биде дел од А групата заедно со Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.

Распоред на натпревари во групата А:
10 јануари – Македонија – Франција
14 јануари – Македонија – Германија
16 јануари – Македонија – Швајцарија

Eвропското првенство во Германија ќе се одржи следната година од 10 до 28 јануари.