Најбрзиот автомото спорт Формула 1 низ годините бележи промени, а доста љубители на овој спорт се плашат дека некои легендарни трки може да бидат наскоро избришани од каленадрот.
Оваа седмица се даде официјална потврда дека „Спа“ во Белгија останува и следната година, меѓутоа во 2025 година истекува договорот за оваа трка. Исто така, уште две легендарни трки се на истек.
Се работи за ГН на Велика Британија на „Силверстоун“, како и на ГН на Јапонија на патеката „Сузука“. Не е јасна иднината на овие трки и дали челниците на Ф1 ги сметаат и за во иднина.
На истек на договорот е и трката на „Монца“ во Италија и „Имола“ во Сан Марино, но според најавите овие патеки ќе добијат нови договори до 2027 година.