Фифти-Сент бара старателство над синот откако неговата поранешна девојка се најде на списокот „сексуални работнички“ на Пи Диди

Date:

Раперот Куртис Џејмс Џексон (48), познат како Фифти-Сент, ќе бара самостално старателство над синот што го има со Дафне Џој (37), откако таа беше именувана како наводна сексуална работничка во тужбата против раперот Шон Комбс (54), познат како Диди.

„Со оглед на најновите случувања и вести за вмешаноста на Дафне Џој во тужбата на Диди, Фифти-Сент ќе бара самостално старателство над неговиот син“, изјави извор близок до ситуацијата за „Ју-ес викли“.

Портпаролот на музичарот рече дека нема коментар за овие наводи.

Да потсетиме, Дафне Џој беше во романтична врска со Фифти-Сент една година, од 2011 до 2012 година, кога добија син – 11-годишниот Сајр.

Откако беше објавено дека Џој е именувана во тужбата, Фифти-Сент сподели фотографија на која пуши пура.

„Не знаев дека си сексуална работничка. Мала сексуална работничка. Ова глупавост стана филм“, напиша музичарот.

Според судските документи до кои дојде „Пејџ сикс“, Џој е обвинета дека била вмешана како сексуална работничка во наводниот синџир на сексуална трговија на Диди.

Наводно, таа била една од трите жени за кои раперот се „фалел“ дека им плаќал „месечна стипендија“ за нивната сексуална работа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПМФЛ: Тиквеш и Струга ремизираа, само бод за Шкендија против Арсими

Со идентичен резултат 2-2 завршија двата воведните натпревари од...

Сабаленка против Рибакина ја брани титулата на Ју-ес Опен

Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе се сретнат во...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) – PART I (48)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Information...

Чудо колач

Кора со какао, кора со мак, слој чоколаден намаз,...