Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес доби суспензија од страна на ФИФА поради недоличното однесување за време на доделувањето на медали на Светското првенство за жени.
Рубиалес ја згрози јавноста откако за време на доделување на медалите за светските шампионки, во уста ја бакна фудбалерката Јени Ермосо.
Неговиот гест предизвика лавина реакции по кои тој мораше да си поднесе оставка од функцијата.
ФИФА сега му изрече тригодишна суспензија. Тој нема да може да работи ништо поврзано со фудбал во овој период.