ФИФА го избра идеалниот тим на Светското првенство

Date:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на Светското првенство 2026, во кој очекувано доминираат финалистите Шпанија и Аргентина. Новиот светски шампион и вицешампионот имаат по тројца свои претставници во најдобрите единаесет, додека останатите места ги пополнија фудбалери кои оставија силен впечаток со своите настапи на турнирот.

Шпанија, која во финалето ја совлада Аргентина и ја освои светската титула, е застапена со Родри, Марк Кукуреља и Педро Поро. Аргентина, пак, има тројца претставници во ликот на Лионел Меси, Енцо Фернандез и Лисандро Мартинез, кои беа меѓу најзаслужните за новото финале на „гаучосите“.

Франција има двајца фудбалери во идеалниот состав – Дајот Упамекано и Килијан Мбапе, додека Англија, Норвешка и Парагвај се претставени со по еден играч – Џуд Белингaм, Ерлинг Халанд и Орландо Гил.

Најголемо изненадување предизвика изборот на голманската позиција. Иако многумина очекуваа признанието да му припадне на шпанскиот чувар на мрежата Унаи Симон, кој ја освои и наградата „Златна ракавица“, ФИФА за најдобар голман во идеалниот тим го избра Орландо Гил од Парагвај. Голманот беше еден од најзаслужните за историскиот настап на својата репрезентација и со серијата одлични интервенции успеа да го привлече вниманието на светската фудбалска јавност.

Одбранбената линија ја сочинуваат Марк Кукуреља и Педро Поро од Шпанија, Лисандро Мартинез од Аргентина и Дајот Упамекано од Франција. Во средниот ред се најдоа Родри, кој беше прогласен и за најдобар фудбалер на турнирот, Енцо Фернандез и англискиот ас Џуд Белингaм.

Во нападот нема дилеми – местото им припадна на тројца од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Лионел Меси го формираат офанзивното трио кое со своите голови, асистенции и одлични партии беше меѓу најзаслужните за успесите на своите репрезентации на Мундијалот.

Идеален тим на Светското првенство 2026 според ФИФА:

Голман: Орландо Гил (Парагвај)

Одбрана: Марк Кукуреља (Шпанија), Педро Поро (Шпанија), Лисандро Мартинез (Аргентина), Дајот Упамекано (Франција)

Среден ред: Родри (Шпанија), Енцо Фернандез (Аргентина), Џуд Белингем (Англија)

Напад: Килијан Мбапе (Франција), Ерлинг Халанд (Норвешка), Лионел Меси (Аргентина).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...