Фирентински ролат

Date:

Паста на фирентински начин

Потребни состојки:
16 ленти за лазања
2 лажички маслиново масло
1 голем кромид
2 чешниња лук
2½ лажици брашно
1 л млеко
сол
бибер
450 гр кашкавал
450 гр спанаќ
60 гр моцарела
⅛ лажичка мелено морско оревче
1 големо јајце
60 гр пармезан

Подготовка: Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, изрендајте го пармезанот, моцарелата исечкајте ја на парчиња, а спанаќот измијте го, исушете го и исечкајте го.

Ставете тенџере со солена вода да зоврие, а рерната загрејте ја рерната на 218°C. Садот за печење премачкајте го со масло. Гответе половина од тестенините за лазања во врела вода додека не омекнат, околу 8 минути. Префрлете ги во поголем сад со ладна вода. Повторете со преостанатите ленти тесто. Исцедете ги и наредете ги лентите тесто во еден слој на чисти кујнски крпи. Покријте со пластична фолија за да спречите сушење. Оставете настрана.

Загрејте го маслото во голема тава на средна топлина. Додадете го кромидот и лукот и пржете, мешајќи, додека не омекнат, околу 5 минути. Од смесата со кромид и лук тргнете на страна 60 гр. Додадете го брашното во смесата со кромид и лук оставена во тавата и пржете со постојано мешање 1 минута. Постепено изматете го млекото, вратете на тивок оган и варете, мешајќи, додека не се згусне до конзистентност на густ крем, 3 до 4 минути. Тргнете од оган и зачинете со сол и бибер. На дното на подготвениот сад за печење ставете 120 гр од сосот. Оставете настрана.

Свежиот кашкавал изматете го во блендер додека смесата не стане мазна. Додадете 60 гр од смесата со кромид и лук што ја зачувавте, како и спанаќот и моцарелата, па блендирајте додека не се исечка ситно. Зачинете со сол, бибер и морско оревче. Додадете го јајцето и изматете убаво за да се соедини.

На 1 лента тесто намачкајте околу 3 лажици од смесата од спанаќ. Цврсто мотајте и ставете со завршетокот надолу во подготвената тава. Повторете со преостанатата смеса од тесто и спанаќ. Со преостанатиот сос рамномерно прелијте ги ролатите и посипете со пармезан.

Печете ги ролатите, непокриени, додека не поруменат, 25 до 30 минути. Пред да сервирате оставете да се излади 5 минути.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...