Финансиска полиција поднесе кривична пријава до ЈО против физички лица за злоупотреба на европски средства

Date:

Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет физички лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и измама на штета на средствата на Европската заедница по член 249-а и Несовесно работење во служба по член 353-в и против едно правно лице – деловна банка поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Измама на средства на Европската заедница по член 249-а став од Кривичниот Законик на Република Македонија.

-Пријавените физички лица спротивно на кредитната политика, без знаење на кредитобарателите, со намера да ги искористат средствата кои потекнуваат од кредитната линија наменета за зголемување на енергетската ефикасност во Република Македонија и намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на CO2 обезбедена од GGF, Green for Growth Fund основан како јавно – приватно партнерство од страна на Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, во прилог на поднесените барања за одобрување на еко кредити изготвиле и приложиле про-фактури со невистинита содржина, како кредитобарателите да вршат набавка на демит фасада од правно лице од Битола, иако знаеле дека паричните средства ќе бидат искористени за лични цели на кредитобарателите, а потоа врз основа на решенија за одобрување на кредитни барања биле склучени 36 договори за еко кредити, на кој начин биле исплатени девизни средства во вкупен износ од 15.449.023 денари, стои во соопштението на Финансиската полиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...