Еден припадник на затворската полиција од КПУ Идризово е ранет откако нивното возило било пресретнато и нападнато при транспорт на затвореник кој добивал лекарска помош.

Инцидентот се случил ноќеска околу полноќ кога и побегнал затвореник кој ја издржувал својата казна во затворот во Идризово. Тој како Итен случај бил транспортиран до болница. Откако бил прегледан и повредите му биле третирани, на враќање кон затворот успеал да побегне од возилото. При бегството ранет е еден од полициските службеници кои го обезбедувале.

Официјално, еден од затворските службеници кои го превезувале грабнатиот затвореник од затворот Идризово е застрелан.

Напаѓачите биле вооружени, го застанале комбето со патничко возило “ауди” со сива боја, под закана го одземале оружјето на двата службеници и со службеното оружје е застрелан еден од полицајците.

Како што се дознава, станува збор за затвореникот со иницијали М.Б., од Тетово кој во затворот Идризово издржувал казна за убиство во висина од 20 години.

Повредениот службеник е префрлен во болница, пукано е во него во нога и за среќа нема човечки жртви во немилиот настан.