Филипче ја повика европската обвинителка Ковеши во Македонија да ги испита сомнежите за злоупотреби со европски фондови

Date:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека како партија формирале свој антикорупциски тим и дека ќе побараат помош од италијанските институции што се справуваа со „Коза ностра“ со порака дека, ако можеле да се справат со нив, ние ќе можеме да се справиме со мафијата на ВМНРО-ДПМНЕ во нашата држава.

Филипче откри дека антикорупцискиот тим е составен главно од млади активисти и истражувачи.

„Овој тим ќе ги обработува скандалите што ги гледаме секојдневно. Ќе анализира документи, ќе поднесуваме пријави до национални и меѓународни институции“, додаде тој. Најави и онлајн платформа каде граѓаните ќе може да пријавуваат сомнежи за корупција.

Во пресрет на нови политички тензии Филипче најави дека утре ќе биде обелоденет нов скандал кој, како што рече, ги инволвира „членови на владејачката структура“. Според него, опозицијата располага со документи за сериозни злоупотреби.

„Ние ги спремивме новите бомби, 2.0. Утре следува нов скандал. За сè имаме документација“, изјави Филипче, алудирајќи на нов бран политички снимки и докази.

Филипче со остра реторика ја повика европската главна обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија и да се запознае со, како што тврдеше, малверзациите што ги прави власта со европските фондови, особено со ИПАРД програмата.

„СДСМ ја повикува Лаура Ковеши лично да се увери во злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ со европските фондови. Овде се загрозени 130 милиони евра. Наместо одговорност по апсењето на нивниот директор за Финансиска поддршка, гледаме само спинови и префрлање вина врз опозицијата“, рече Филипче.

Тој нагласи дека според нивните сознанија, злоупотребите ги вршеле лица блиски до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Очекуваме со ангажман на Ковеши овој скандал конечно да се расчисти. Македонија не е темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ каде може да се игра со европската иднина и парите на граѓаните“, посочи Филипче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија со реми против Северна Ирска на стартот на квалификацискиот турнир

Македонската фудбалска репрезентација до 19. години со реми без...

Мбапе е изолиран: Ладна атмосфера во француската репрезентација

Килијан Мбапе го пропушти денешниот тренинг на француската репрезентација...

Австралиските „Kangaroos“ и „Jillaroos“ ги објавија составите за финалето на Светското првенство во рагби лига против Нов Зеланд

Австралија ги објави составите на машката и женската репрезентација...